Ford отпушта уште 1.400 вработени

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител Ford и натаму продолжува со спроведување на плановите за заштеда.

Последна жртва на стратегијата која започна да се мплементира уште минатата година се 1.400 вработени ширум фабриките и административните центри на овој производител во САД.

Како што пренесува Ројтерс, најголем дел од овие вработени се всушност работници во фабриките, и истите се со фиксни плати. Со ова значително ќе се намалат фиксните трошоци, а заедно со останатите активности за заштеда се планира да се оствари заштеда од 11 милијарди долари следните неколку години.

За потсетување, Ford минатата година отпушти 7 илјади работни места со фиксна плат, а целта е да се намали вкупниот број на работници за 12 илјади.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK