Ford ќе вложи 230 милиони во фабриката во В.Британија

ОБЈАВЕНО НА:

Ford објави дека компанијата ќе инвестира 230 милиони фунти во својата фабрика за менувачи во Хејлвуд во Велика Британија. Целта на оваа сериозна и голема иницијатива е трансформација на комплексот во кој во иднина ќе се произведуваат погонски системи за идните целосно електрични модели на патнички и леснодоставни возила на компанијата во Европа.

Ford објави дека нејзините планови се поврзани со почетокот на новото производство кон средината на 2024 година, а годишниот капацитет на објектот се очекува да биде околу 250.000 индивидуални системи.

Во февруари годинава, Ford објави дека до средината на 2026 година, 100% од патничките модели на марката ќе бидат достапни во електрифицирана верзија, вклучувајќи 100% електрични или во верзија со plug-in хибриден погонски систем.

Компанијата исто така потсетува дека целосно електричната верзија на E-Transit ќе се произведува од следната година во фабриката Ford Otosan во Турција, а од 2023 година таму ќе се составuva 100% електричната модификација на целосно новиот Transit Custom. Новоto електрично комбе со електричен погон, исто така, ќе излезе од монтажната линија во фабриката на Ford во Крајова, Романија, од 2024 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK