Следејќи ја стратегијата за електрифицирање на моделното портфолио, Ford го користи меѓународниот саем во Шангај за светска премиера на целосно новиот модел EVOS.
Автомобилот го одбележа дебито заедно со plug-in хибридот Escape PHEV и целосно електричниот Mustang Mach-E, кој ќе се произведува на локално ниво.
„Нашата цел во Ford е да помогнеме за градењето на свет во кој секој човек е слободен во движењето и во остварувањето на соништата. Тоа е факт како денес, така и кога била создадена компанијата пред 118 години. Работиме заедно со нашите партнери, за да понудиме супериорно и карактеристично брендирано искуство на нашите клиенти во Кина и низ целиот свет и да ја следиме нашата посветеност на Best of Ford, Best of China“, вели Џим Фарли, претседател и извршен директор на Ford Motor Company.
Од Ford споделуваат дека СУВ моделот EVOS е првиот автомобил, развиен како резултат на стратешкиот план China 2.0, кој ја демонстрира дизајн филозофијата Progressive Energy in Strength. Автомобилот е првиот од родот на брендот во чие создавање учествувале главно кинески претставници на компанијата.
Со футуристичкиот ентериер, борд системот со дигитален асистент, можност за обновување на воздухот (over-the-air) и систем BlueCruise за автономно управување на детално мапирани патишта, моделот е резултат реализиран целосно според очекувањата на кинескиот потрошувач.