Италијанскиот производител Fiat ја претстави спортската изведба на моделт Tipo кој ја носи додавката Sport.
Tipo Sport е првата изведба на овој модел на Fiat оваа година, а доаѓа откако минатата беа претставени Tipo Mirror и Tipo Street.
Првата разлика која може да се утврди во однос на останатите изведби е екстериерот. Така Tipo Sport се здоби со измена на предниот браник кој е надограден со спојлер, изменет заден браник каде исто така има спојлер, но истовремено е прикриен издувниот систем.
Новитет се и модифицираните ретровизори, новите фелни, bi-xenon предните светла, затемнетите задни стакла, црниот кров итн.
Измени има и во внатрешноста. Новите седишта во комбинација на кожа и ткаенина обезбедуваат зголемена удобност, а попривлечно изгледаат и кожниот управувач и рачна сопирачка. Тука е и стандардниот 7 инчен Uconnect инфотејнмент систем со Apple CarPlay и Android Auto.
Fiat Tipo Sport под хаубата ќе располага со 1.4 литарски бензински мотор со 95 КС и 120 КС како и дизелски MultiJet мотор со 120 КС.