Fiat е најпродаваниот бренд на Stellantis за 2023

ОБЈАВЕНО НА:

Setllantis во својот дом има 15 различни автомобилски брендови, и интересно е дека за првите шест месеци од 2023 година најдобри резултаи има италијански Fiat. Колку и да звучи шокантно во однос на инвестициите и технологијата, Fiat продаде повеќе автомобили во првата половина на 2023 година од која било друга марка Stellantis. Брендот забележа пораст од 10% во обемот на глобалната продажба од јануари до јуни.

Италијанската марка продаде повеќе од 645.000 автомобили ширум светот во тој период, повеќе од која било од марките Peugeot, Citroën, Opel-Vauxhall, Chrysler и Dodge кои се дел од семејството Stellantis.

Fiat пријави 271.800 новопродадени автомобили во Европа во првата половина од годината и има неверојатни 12,8% пазарен удел на италијанскиот домашен пазар. Најпродаван автомобил во Италија досега оваа година е 12-годишниот супермини Fiat Panda, кој треба да биде заменет со електричен автомобил во 2024 година.

Fiat е лидер на 3 големи пазари – во Бразил, Италија и Турција – во 3 различни региони, со пазарен удел од 22% во Бразил, 18,2% во Турција и 12,8% во Италија.

Новиот 500 е најпродаваниот целосно електрично возилао на Stellantis, најпродаваниот мал целосно електрилен автомобил во Европа и сè уште меѓу првите 5 BEV (целосно електрични возила) од кој било сегмент во Европа, Италија, Германија, Франција, Шпанија.

„Во текот на изминатите две години, имавме успешна работа во Stellantis, што го направи Fiat попрофитабилен и поглобален од било кога. Оваа година, Fiat уште еднаш го потврди својот глобален успех, придонесувајќи значително за одличните резултати на групацијата. Fiat се покажа како број 1 бренд Stellantis по обем во првата половина на 2023 година со 645.000 единици, што на глобално ниво забележа +10% во споредба со минатата година, коментира Оливие Франсоа, извршен директор на Fiat и глобален маркетинг директор на Stellantis.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK