Дизајнерот Лепоре Салваторе објави рендер од можниот изглед на новата генерација на Fiat Croma.
Croma на двапати беше дел од понудата на Fiat. Најпрво во периодот од 1985 до 1996 година како седан и потоа во периодот од 2005 до 2010 година како караван. Засега нема никакви шанси да видиме нов, трет кам-бек на овој модел, барем во наредните 5-6 години, но тоа не беше пречка да овој дизајнер објави рендер.
Од она што може да се види, предниот дел е “позајмен” од моделот Fiat Toro кој како пик-ап модел се продава во Јужна Америка веќе подолго време. Задниот дел, страничниот и покривот асоцира на Alfa Romeo Giulia.
Токму и должината на овој автомобил би изнесувал околу 4,6 метри со што би се позиционирал над седанската изведба на Fiat Tipo.
Иако нема шанси засега за овој модел, секогаш треба да знаеме дека „ништо не е невозможно“.