Fiat Centoventi пристигнува следната година – позната е и цената

ОБЈАВЕНО НА:

На последно одржаниот саем за автомобили во Женева во 2019, Fiat го претстави концептот Centoventi EV кој беше најавен како наследник на легендарната Panda.

Сега, нешто повеќе од две и пол години по премиерата, италијанските медиуми објавија интерни информации поврзани со овој модел. Според истите, овој модел во понудата на италијанскиот производител ќе дојде порано од очекуваното, во текот на следната година. Дополнително, се пишува дека почетната цена на овој модел ќе изнесува 15 илјади евра.

Што се однесува до самиот автомобил, овој градски автомобил од А класата е со должина од 3.680 мм, ширина 1.740 мм и висина од 1.527 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.420 мм.

Според претходно објавените информации, во зависност од пакетот на батерии, Centoventi ќе може да помине од 100 до 500 км со едно полнење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK