Ferrari не прима нарачки за Purosangue – за испорака се чека две години!

ОБЈАВЕНО НА:

Ferrari Purosangue веќе е огромен успех за италијанската компанија иако се уште не излегол од производната лента. Моделот дебитираше во средината на септември и само неколку дена подоцна директорот за продажба и маркетинг Енрико Галиера изјави дека нарачките може привремено да бидат затворени.

„Не е тајна дека престанавме да примаме нарачки. Имавме таков интерес без да испорачаме ниту еден автомобил, изјави Галиера.

Додека ривалските модели како што е Lamborghini Urus немаат производствен лимит, во Маранело уште пред да го претстави моделот Purosangue потврдија дека сакаат да го задржат како ексклузивен модел..

Теренското возило нема да претставува повеќе од 20% од годишното производство на производителот. За два и пол месеци од претставувањето на Purosangue, книгите за нарачки се зголемија доволно за да го задржат Ferrari долго време зафатен. Оние кои го нарачаа моделот ќе мора трпеливо да чекаат две години за испорака.

Purosangue е поскап од речиси сите негови ривали, со цена од 390.000 евра. Тоа е речиси двојно повеќе од бараната цена за Lamborghini Urus.

Производството се очекува да започне пред крајот на годината, а првите испораки се закажани за 2023 година. Purosangue првично ќе биде само V12, иако се знае дека неговата платформа е дизајнирана да прими и хибриден погон. Со таква силна побарувачка, Ferrari не брза да ја диверзифицира својата постава на почетокот на животниот циклус.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK