FCA повлекува 300.000 автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

FCA се соочува со голем проблем. Откако претходно на неколку пати беа повлекувани по стотици возила, сега FCA е пред повлекување на 300 илјади примероци од моделот Jeep Liberty.

Повлекувањето следи по објавувањето на извештахот од страна на NHTSA (National Highway Traffic Safety Administration) според кој постои ризик од акумулирање на вода во задниот дел на автомобилот и појава на корозија што би причинило целосно губење на контрола над возилото со што би се загрозиле учесниците во сообраќајот.

Овој проблем како што е наведено, може да се појави кај моделите произведени помеѓу 2004 и 2007 година односно пред спојувањето на Fiat и Chrysler.

Според податоците на FCA групацијата, во САД од овој модел има регистрирано 239.904 примероци, а покрај во САД повлечени ќе бидат и 49.712 автомобили од Мексико и 36.199 автомобили од останатите земји.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK