Во заедничко соопштение на PSA Groupe и FCA Automobiles, двете компанија го објавија составот на бордот на директори на Stellantis.
Така FCA и најголемиот акционер во италијанско-американскиот производител ќе има 5 членови, PSA Групацијата исто толку, но дополнително на PSA припаѓа и највисоката позиција во бордот на директор, извршниот претседател.
Џон Елкан и Андреа Ањели како дел од раководството на Exor се најдоа во составот на директори. Тука се и Роберт Пежо, Анри де Кастри, Фиона Чичони, Николас Дуфорк, Ан Францес Жодбер, Ван Линг Мартело, Жак де Сент Експер и Кевин Скот.
Извршен претседател е Карлос Таварес, досегашниот прв човек на PSA Групацијата кој официјално на оваа позиција ќе дојде кон крајот на првиот квартал следната година кога се очекува целосното комплетирање на спојувањето.