Фатен новиот Land Rover Defender

ОБЈАВЕНО НА:

Иако развојот се држи во голема тајност, сепак на интернет се појавија првите фотографии од маскираниот Land Rover Defender.

Land Rover овој 4×4 SUV го тестира на екстремни услови во Арјеплог, Шведска, а од објавените фотографии и не може да се открие многу околу изгледот. Она што е впечатливо и на маскираниот тест модел е тоа дека на предниот дел ќе се наоѓа традиционалната маска за ладилникот со логото на Land Rover на десниот дел.

Она што официјално го потврди Land Rover е дека по Шведска, овој модел ќе се тестира и во САД, а целта е да се тестира од -40 до +40 степени Целзиусови, а меѓудругото планирано е тестирање и на над 3 илјади метри надморска височина.

Во продажба се очекува да се појави во 2020 година откако претходно кон крајот на годината ќе ја има светската премиера. Цената останува непозната, но она што се зборува е дека ќе се појави и електрична верзија од овој SUV.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK