F1: Оваа сезона не е почната, а веќе е познат календарот за следната

ОБЈАВЕНО НА:

Иако сезоната 2020 во најпопуларото авто-мото натпреварување, F1, сеуште не е почната, познат е календарот за наредната сезона. Така следната година ќе се возат сигурни 18 трки со четири чие одржување останува неизвесно поради тоа што договорот истекува сезонава.

Следната сезона во Европа ќе се вози во Белгија, Велика Британија, Холандија, Франција, Унгарија, Монако, Италија, Русија и Азербејџан. На календарот се и трките во Обединетите Арапски Емирати (Абу Даби), Австралија, Канада, Јапонија, Мексико, Сингапур, САД и Виетнам. Договорот оваа година завршува за трките во Барселона, Шангај, Сао Пауло и Шпилберг.

Организаторот наведува дека следната сезона ќе се возат максимум 25 трки што значи зголемување на календарот за три трки. Така се поверојатно е дека на календарот ќе има уште две трки во САД и една во Бразил, во близина на Рио де Жанеиро.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK