Евтин и мал: Renault подготвува електричен Kwid за Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Се погласни се шпекулациите дека Renault подготвува електрична изведба од моделот Kwid и тоа наменета за европскиот пазар. Оваа информација доаѓа откако на матичниот, индиски пазар е претставен подновениот модел Kwid кој во Индија дебитираше во 2015 година.

На интернет веќе се појавија првите рендери, а неофицијално е потврдено дека овој автомобил ќе има автономија од 250 км, а за само 50 минути може да се наполни 100% од капацитетот на батеријата.

Овој модел на пазарот ќе се појави во текот на 2021 година, а покрај во Кина каде со субвенции цената би изнесувала околу 8 илјади американски долари, ќе се продава и во Индија, Јужна Америка како и Европа.

Инаку овој модел за прв пат францускиот производител го вооведува во 2015 година и тоа најпрво во Индија каде и се произведува, а само по неколку месеци започнува производството и во Бразил. Основната изведба е достапна со 0.8 и 1.0 литарски бензински мотор, а должината изнесува само 3,679 мм.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK