ЕУ одлучна – до 2030 емисијата на CO2 ќе се намали за 37,5%

ОБЈАВЕНО НА:

По неколку месечни активни состаноци, преговори и договори, земјите од Европската Унија конечно постигнаа конечен договор во однос на стрaтeшкиот план за намалување на емисијата на CO2.

Според договорот, до 2030 година земјите од Европската Унија имаат за цел да го намалат нивото на јаглероден диоксид од автомобилите за 37.5% на годишно ниво.

Ројтерс пренесува дека 28-те земји членки на Европската Унија го постигнале договорот по финалната девет часовна дискусија. Најголем дел од земјите спорел околу процентуалниот праг. Така на пример претставникот на Германија побара тој процент да изнесува 30% додека Франција и Холандија 35%. На крај земјите постигнаа компромис процентот да изнесува 37.5%.

“Ова е важен сигнал за борбата против климатските промени” изјави австриската министерка за одржливост Елизабет Кештингер. Задоволство од договорот искажаа и останатите претставници, а сите се едногласни околу борбата со климатските промени.

Но како оваа одлука ќе влијае врз автомобилската индустрија на Стариот континент? Дефинитивно негативно. Во моментов европската автомобилска индустрија е во значаен пад по воведувањето на WLTP процедурите, а оваа одлука многу веројатно дека уште повеќе ќе ја искомпликува состојбата, а ќе придонесе кон силно ориентирање кон електричните и хибридните автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK