Во последната години сме сведоци на претставување на исклучително многу електрични автомобили од разни брендови, како од популарни европски брендови така и од не толку популарни кинески производители. Заедно со инвестициите на голем дел од компаниите, се очекува цените на електромобилите да се намалат во следните години.
Според проучувањето на BlооmbеrgNЕF, тие години ќе се барем шест, а се очекува во 2027 година цените на автомобилите со мотори со внатрешно согодување да бидат повисоки од оние на идентични електрични автомобили.
Побарувачката на поголеми возила, како СУВ и кросовери е можно да се израмнат цените и тоа да се случи уште во 2026 година, но, сепак, кај другите сегменти се очекува тоа да се случи едвај во 2027 година.
Средната цена на средната класа автомобили ќе биде околу 19.000 евра во 2026 година, а тоа се однесува како за автомобили на струја, така и на таквите со мотори со внатрешно согорување.
Во 2030 година се очекува цената на електричните автомобили да падне до 16.300 евра, додека оние на бензинците и дизелите ќе се зголеми до 19.900 евра.