Електромобил за 5500 долари од Украина

ОБЈАВЕНО НА:

Во Украина може да се пофалат дека имаат електромобил со кој може да се мерат со цената со Кина. Компанијата Алло планира на 1 јуни да го понуди ултракомпактниот електромобил Rover Quick 2000, а цената би требала да се движи околу 5500 долари.

Quick 2000 е двосед, а седиштата се наоѓаат едно зад друго. Должината на машината е 2,3 метри, ширината 1,2 метри, додека висината е 1,5 метри. Растојанието меѓу оските е 1,7 метри, додека тежината е едвај 483 килограми.

Што се однесува до можноста со едно полнење, тој може да измине 70 километри, а полнењето на оловната батерија е за 6 часа. Електромоторот е со моќност од 2 кВт, а максималната брзина е 45 км/ч.

Во опремата на Rover Quick 2000 влегува и камера за гледање назад и централно заклучување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK