Електрификацијата, целосна или делумна со хибридни модели е веќе секојдневие и збогатување на понудатат кај секој производител. Иако полека, но и на македонскиот пазар се нудат вакви возила. Француски Citroen ја збогатува понудата на нашиот пазар со два нови модели со кои засилено се зголемува електрифакцијата. Се работи за електричниот Citroen C4 и хибридниот C5 Aircross што се полни на струја, кои веќе се изложени во салоните на Автонова, и достапни за нарачка.
Основните модели на двете возила имаат и освоени награди во Македонија. Citroen C4 е актуелен Автомобил на годината во Македонија, а моделот C5 Aircross ја има добиено наградата SUV на годината во Македонија.
Новиот Citroën ë-C4 100% ëlectric овозможува возење во целосно електричен режим, совршено изолирани од патот и надворешното опкружување. Тивкото возење, флуидноста во движењето, уживањето во возењето, удобност на потпирањето, мекоста на седиштата Advanced Comfort, отсуството на вибрации во патничката кабина, ергономијата и едноставноста при управувањето, употребата на интерфејси и наменски услуги, сè допринесува за ненадминлив комфор во кабината, за сите патници.
Новиот Citroën ë-C4 100% ëlectric има батерија со капацитет од 50 kWh, што овозможува автономија и до 350 km, според WLTP нормите. Батеријата има гаранција 8 години или изминати 160,000 km, за 70% од капацитетот за полнење.
Во зависност од тоа каде ќе ја полните батеријата, истата може да се наполни до 80 отсто за само 30 минути (на 100kW на јавна електрична мрежа). Ѕиден полнач од 11 kW – 5 часа, од 7.4 kW – 7 часа и 30 минути, и стандарден полнач во домашни услови: 9 часа за 100km на стандарден полнач во домашни услови.
Моделот се нуди со три нивоа на опременост: Feel, Feel Pack и Shine. Цената се движи од 37.900 евра до 40.900 евра (во кои е вклучен и промотивен попуст).
Повеќе детали за моделот – https://www.citroen.com.mk/vozila/noviot-citroen-e-c4-100-electric/#advantages-1
Во СУВ сегментот нов модел е plug-in хибридниот C5 Aircross. Со стандарден кабелски приклучок, батеријата се полни преку ноќ (помеѓу 4 и 7 часа во зависност од типот на кабелскиот приклучок). Доколку имате 32A Wall box полнач, можете да ја наполните батеријата за помалку од 2 часа. Полнењето може да биде програмирано и одложено, со цел рационално користење на електричната енергија во часови кога истата е поефтина. Клиентите го програмираат полнењето на возилото преку таблетот во патничката кабина.
Citroën C5 Aircross SUV Hybrid ја подобрува програмата Citroën Advanced Comfort®, со моќен електричен мотор, тивкото и непречено возење, инстантни перформанси и ниска емисија на CO2 од 39 g. C5 Aircross SUV Hybrid природно го задржува системот за потпирање со Прогресивни хидраулични перничиња®, за да се создаде чувство на лебдење над патот, обезбедувајќи исклучителна контрола на држењето и динамичност. Меѓу карактеристиките специфични за хибридната верзија, новиот C5 Aircross SUV Hybrid е опремен и со multi-link потпирање на задната оска за ненадминлив баланс.
C5 Aircross plug-in се нуди со две нивоа на опременост: Feel Pack и Shine. Цените на модлеите се движат од 41.900 do 43.900 (со вклучен промотивен попуст).
Повеќе детали за моделот – https://www.citroen.com.mk/vozila/citroen-c5-aircross-suv-hybrid/#advantages-4