Електричен велосипед кој може да помине 100 км со едно полнење

ОБЈАВЕНО НА:

Nexzu Mobility ја претстави најновата своја креација – електричен велосипед. Она што е импресивно е податокот дека со едно полнење може да се помине до 100 км.

За да ја достигне оваа цел, вградена е 8,7Ah мобилна батерија и секундарна 5,2Ah батерија. Олеснителна околност е што може да се полни и на обичен, домашен полнач.

Првиот човек на Nexzu Mobility, Рахул Шонак, за време на премиерата го потенцираше одличниот центричен дизајн, но и техничките карактеристики благодарение на кои тој овој велосипед го нарече гордост на Индија.

Велосипедот брендиран како Roadlark, е со лесна конструкција, а благодарение на тоа и електричниот систем, може да достигне брзина од 25 км/ч. Велосипедот е веќе достапен за продажба. На домашниот индиски пазар, оваа компанија го продава по цена од 42 илјади индиски рупији.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK