Организацијата за електрични возила ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА континуирано по четврти пат се спроведе едукативниот час под наслов „Електричен полигон 4“. Ваквата активност беше спроведена во рамки на глобалниот настан „Европска недела на мобилност“ под мотото „Споделувањето не движи напред“ а кој во рамки на градот Скопје го организира Секторот за заштита на животната средина и природата при град Скопје.
Во Електричниот полигон оваа година свое учество зедоа ученици од средните училишта „Никола Карев“ и “Орце Николов“ и деветтите одделенија од ОУ „Вера Циривири Трена“ од Скопје, на кој волонтерите од НВО Електромобилност ги едуцираа за електричните возила и нивното значење за заштита на животната средина и воздухот и намалување на бучавата.
Покрај ЈП Градски паркинг и градот Скопје кои ги презентираа своите електрични возила значаен придонес дадоа и Mitsubishi Motors Македонија со своето електрично возило Mitsubishi iMiEV, фирмата Анима со првото конвертирано возило од мотор со внатрешно согорување во електричен мотор, Фибернет МК кои се претставија пред учениците со полнач за електрични автоомобили а од страна на студентите од ФЕИТ беше презентиран електричниот картинг кој тимот студенти под менторство на проф. д-р Снежана Чундева и проф.р-д Гога Цветковски го изработи во изминатиот период.
Организацијата за електрични возила ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА и понатаму продолжува со свои активности во насока на подигнување на свесноста кај граѓаните, централната и локалната власт во Република Македонија за значењето на електричните возила како нов тренд во мобилноста.