Возењето во алхолозирана состојба е една од најопасните ситуации и тоа не поради казните кои возачот би можел да ги добие туку поради опасоста во која ги доведува другите во сообраќајот. Поради еден таков возач кој требаше да наполни гориво во американската сојузна држава Ново Мексико дојде до измени во законот.
Уште во 2011 година еден очигледно напиен маж влезе во бензинската станица во Тохачи во Ново Мексико барајќи гориво во канистер. Неговиот автомобил остана без гориво неколку стотици метри понатаму и му требаше гориво за да продолжи да вози.
Вработениот во бензинската не сакаше да му продаде гориво велејќи му дека нема канистер. Со оглед на тоа што овој беше толку упорен на крајот го доби она што го сакаше, па истури еден канистер со вода и го наполни со дополнително гориво. Го стартуваше автомобилот и неколку километри понатаму премина во друга лента, се судри со возилото во спротивен правен и го усмрти возачот.
Врховниот суд во Ново Мексико оваа година одлучи дека бензинските пумпи се одговорни за постапките на алкохолизираните возачи. Тоа значи доколку вработените приметат дека возачите се во алкохолизирана состојба не смеат да им продаваат гориво.
Што ќе значи оваа одлука сè уште се расправа бидејќи тоа потенцијално би значело дека и други давачи на услугите како што се продавниците за автоделови, вулканизерите, кафулињата… би можеле да одбијат да послужуваат алкохолизирани возачи. Од друга страна на алкохолизираните возачи им е најлесно да дојдат до гориво бидејќи бензинските станици низ Америка се self-сервис.