Еден поинаков Германец – Quasar доаѓа со 2.300 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Германците не може да се пофалат со доминација во сегментот на хиперавтомобили, како што доминираат во останатите сегменти. Но, Elektron Innovativ е германската компанија која ќе се обиде да завладее и со овој сегмент.

Пред нешто повеќе од една година, оваа релaтивно нова компанија го претстави концептот на електричен суперавтомобил именувн како Elektron One. Според техничките спецификации на овој концепт, истиот располага со 1.341 КС, но сега претстави нов концепт на хиперавтмобил со речиси двојно подобри брзински перформанси.

Се работи за Elektron Quasar кој како понапреден автомобил од својот претходни, располага со вкупно 2.300 КС. Благодарение на четирите електрични мотори и т.н. Elektron Smart Torque Vectoring System (ESTV) систем, овој автомобил до стотка забрзува за само 1,65 секунди. Благодарение и на тежината од 1.500 кг, максималната електронска ограничена брзина изнесува 450 км/ч.

Elektron Quasar

Производителот наведува дека ќе бидат произведени само 99 примероци, а секој од нив ќе чини 2,2 милиони евра.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK