Кои други ако не carwow и Мет Вотсон. Уште една адреналинска драг трка подготви популарниот магазин за автомобилизам во која главната улога ја имаат Ferrari 488 Pista, amborghini Aventador SV и Porsche 911 Turbo S.
Првиот спортски автомобил е опремен со 3,9 литарски twin-turbo V8 мотор кој продуцира 720 КС и 770 Nm обртни моменти. Тежината изнесува 1.400 килограми. Другиот италијанец во трката, Lamborghini Aventador SV доаѓа со 6,5 литарски V12 мотор кој продуцира 755 КС и 690 Nm обртни моменти.
Единствениот германец пак, доаѓа со мотор кој продуцира 800 КС и 950 Nm обртни моменти, а тежината изнесува 1.640 кг што го прави со најмал сооднос помеѓу тежината и моќноста.
Кој прв ќе ја помине целната линија? Дали тоа ќе биде вашиот фаворит? Погледнете на видеото во продолжение.