Производителот на автомобили од Јужна Кореја, Kia на 24. Конферанција на ООН за климата ја претстави важноста на процесот за транзиција, кој може да го намали нивото на влијание врз животната средина.
Извештајот беше составен на база на патешествие од 3741 километар на целосно електричниот кросовер е-Niro. Автомобилот патуваше од главниот град на Португалија, Лисабон до градот Катовице во Полска и ги покажа сите предности на транспортот со нула емисија на штетни материи.
Kia e-Niro беше на пат девет дена, а мина низ седум земји и 14 градови: Мадрид, Виторија-Гастејс, Сан Себастијан, Бордо, Тур, Париз, Брюксел, Нимеген, Есен, Дортмунд, Берлин, Дрезден, Вроцлав и Катовице. Автомобилот го напуштил Лисабон на 3 декември, а во Катовице пристигнал на 11 декември. За време на претстојот низ градовите екипата на Kia се среќаваше со политичари со цел да ја демонстрира електричната мобилност и да го привлече вниманието кон проблемот со штетни материи во атмосферата.
Патешествието било организирано од страна на португалската организација Get2C, која се занимава со проблемите на климатските промени, енергетските и јаглеродните пазари. Kia Motors и Градскиот совет на Лисабон исто така се приклучија на проектот. Иницијативата беше насочена кон кревањето на свеста за потенцијалот на електричната мобилност и евентуалното намалувње на емисиите на CO2.
За време на патувањето емисиите на CO2 можеа да бидат набљудувани во реално време. Според добиените податоци, индиректните емисии на електричниот автомобил (поврзани со производството на електрична енергија) се 154 кг, што е за 74 проценти помалку во споредба со емисиите кои ги емитува моторот со внатрешно согорување.
Просечната портошувачка на енергијата на автомобилот беше 17 кВт/100 км, а средната брзина – 71 км/ч. Во текот на целото патување автомобилот беше полнет вкупно 54,5 часа. Од нив 15 часа беа преку ден, а 39,5 часа преку ноќ.