Докажано: Електричните автомобили имаат позитивно влијание врз околината

ОБЈАВЕНО НА:

Појавата на електричните автомобили напоредно со “прогонот” на дизелските мотори веднаш го отвори прашањето за нивното влијание врз околината. Додека едни тврдеа дека тие подеднакво исто загадуваат како и оние со дизелски и бензински мотор, други сметаа дека нивното влијание е далеку позитивно.

Сега, оваа дилема е целосно решена, а сето тоа благодарение на Европската агенција за околина. Оваа Агенција објави студија која го потврди она што поддржувачите на електричните автомобили секогаш го тврделе, а тоа е дека тие многу помалку загадуваат во однос на останатите автомобили.

ЕЕА дополнително потврди дека електричните автомобили во текот на целиот свој животен век не испуштаат негативни емисиони честички со што негативно би влијаеле врз околината и глобалното затоплување. Со цел да се направи темелна компарација и да се опфатат сите аспекти, студијата го опфати и производствениот процес на овие автомобили. Така, во овој производствен процес се испуштаат незначително повеќе штетни гасови, но истите се далеку помали отколку при производството на т.н. класични автомобили.

Не само што во моментов влијанието е далеку попозитивно туку во студијата се наведува дека во иднина јазот помеѓу ефектите врз околината на електричните и останатите возила се повеќе и повеќе ќе се зголемува во корист на електричните.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK