Дојде денот – претставен Polestar 2

ОБЈАВЕНО НА:

Конечно Polestar го претстави долго најавуваниот модел 2. Целосно електричниот модел кој на пазарот доаѓа како конкурент на Tesla Model 3, а по интернет премиерата својата саемска премиера ќе ја има на саемот во Женева.

Овој модел се базира на CMA платформата која се користи и кај дел од актуелните модели на Volvo, поточно моделот XC40 како и кај моделот Lynk&Co 01. Овој модел располага со два електро мотори кои заедно развиваат 402 КС и 660 Nm обртаи.

Батеријата која е со капацитет од 78 kWh овозможува да со едно полнење помине околу 500 километри што е повеќе од претходно најавуваните 400 километри.

The Polestar 2 electric performance car from Volvo

Привлечниот дизајн кој содржи елементи од првиот модел на Polestar како и богатата напредна опрема и технологија се сосема доволни за овој Fastback да биде достоен конкурент на моделот 3 на Tesla.

Во внатрешноста која е изработена од високо квалитетни материјали која воедно изгледа ултра модерно, централното место го зазена Android инфотејнмент систем со 11 инчен екран осетлив на допир.

The interior of the Polestar 2 electric performance car from Volvo

Polestar 2 најпрво ќе биде достапен во Кина, САД поразвиените земји од Европската Унија како и Норвешка, а се шпекулира дека почетната цена за основното ниво на опременост ќе изнесува 39,900 евра во Германија.

За потсетување, Polestar e шведски производител кој е основан во 1996 година од страна на Volvo. Иако најпрво како спортска дивизија на Volvo, денес Polestar се позиционира како вистински конкурент на моделот 3 на Tesla, а покрај на европскиот, Polestаr своите операции ќе ги насочи и на американскиот и кинескиот пазар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK