Доаѓа Maserati GranTurismo – И електрично и со бензински мотор со 750 КС (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Maserati го врати GranTurismo во своето портфолио, но со целосно нов погон. Подигнатиот GT е првиот електричен модел на марката и ја покажува еволуцијата во дизајнот, технологијата и системите што ги нуди италијанскиот производител, а исто така ја најавува електричната иднина за Maserati.

Меѓутоа, за оние кои сакаат да останат малку подолго во минатото, Италијанците нудат и GranTurismo со бензински мотор позајмен од хиперавтомобилот MC20.
Новата генерација порасна и во димензиите, има должина од 4959 мм., ширина од 1957 мм. и висина од 1353 мм. Меѓуоскиното растојание е 2929 мм. Но моделoт Trofeo е малку подолг од Modena и Folgore и има 4966 м.

Електричниот модел се потпира на три електрични мотори, еден напред и два назад, кои можат да испорачаат максимална моќност до 750 КС и до 1.350 Нм. Тие се напојуваат со архитектура од 800 волти и батерија во облик на Т од 92,5 kWh, сместена во центарот на автомобилот. Електричниот модел може да се пофали и со најбрзиот спринт до 100 km/h за само 2,7 секунди.

Но, GranTurismo е достапен и со 3,0-литарски бензински V6 мотор со 489 КС или 550 КС и 600 или 650 Нм. вртежен момент. Во зависност од тоа кој од двата мотори ќе го изберете во верзиите Modena и Trofeo, автомобилот може да забрза до 100 km/h за 3,9 секунди или 3,5 секунди. Максималната брзина е 302 km/h за бензинските верзии и 320 km/h за електричната верзија.

Maserati GranTurismo

Новините на дизајнот вклучуваат освежување на облиците и светлата напред и назад. Променети се и рачките на вратите за подобра аеродинамика. Единствените разлики помеѓу бензинската и електричната верзија е недостатокот на пригушувачи на задниот дел, како и различните бои на лајсни и амблеми.

Од Maserati велат дека покрај изгледот, сменета е и архитектурата на автомобилот за да се приспособат на двата погонски агрегати. И двата модели користат главно алуминиум за нивната конструкција, што помага и за малата тежина од 1.795 килограми за конвенционалниот модел и 2.260 килограми за електричниот.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK