Дизелот поскапува – бензинот со стара цена

ОБЈАВЕНО НА:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати. Единствено промена на цената ќе има кај дизелот кој поскапува за половина денар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 67,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 69,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 59,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 58,50 (денари/литар)

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK