Дискриминација во BMW: Им забраниле за зборуваат на турски јазик!

ОБЈАВЕНО НА:

Началник на одделот во фабриката на BMW во местото Гархинг блиску до Минхен, им забрани на 20 работници кои се со потекло од Турција да зборуваат на својот мајчин јазик. Забраната не важи само за делот од фабриката каде што се работи туку и за собите за одмор.

Причина за ваквата забрана биле разговорите меѓу вработените на јазик кој бил неразбирлив за другите. Тоа го налутило шефот, кој издал наредба да зборуваат исклучиво на германски јазик.

Вработените ја одбиле наредбата и поднеле жалба до Унијата на работниците. Тие се пожалиле на дискриминација. Одделот за персоналот во BMW веќе започнал истрага за инцидентот.

Портпаролот на BMW, Јохен Фрај коментира дека „компанијата не го обврзува персоналот да зборува на одреден јазик“. Сепак, дозволуваат исклучоци од упатствата за работа кои според правилата на компанијата треба да бидат разбирливи за сите и само на германски јазик.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK