За Volvo постои мислење, но и резултати кои потврдуваат дека се најбезбедните возила. Сепак и тие понекогаш можат да бидат со некој проблем кој е детектиран на одреден број возила и откриен на одредени пазари. Овој проблем е детектиран во Португалија, а произведените возила доаѓаат од Шведска.
Во објаснувањето на системот за предупредување за можна опасност од страна на ЕУ се вели: „Кога на контролниот дисплеј на задното седиште има течност / капки, постои ризик сигналот на дисплејот да се одржува и да го перцепира системот како „постојан“ допир. Како резултат, предното седиште може ненамерно да се помести до крајната позиција, зголемувајќи го ризикот од повреда“.
Нема точна бројка на возила кои го имаат овој можен проблем, а повик за сервисна контрола и потребна замена на дефектниот дел ќе добијат моделите произведени меѓу 2016 и 2020 година.
Volvo recall code: R10093
Affected models: S90L (238), XC90 (256) equipped with a rear seat control display
Vehicle numbers (worldwide): n/a
Source: Rapex Alert 19/2021 A12/00653/21