Детектирани проблеми кај пет модели на Citroen

ОБЈАВЕНО НА:

Европскиот систем за безбедност на производи кои не се храна, објави дека над 9.000 возила на Citroen, и тоа моделите C3, C4, DS3, DS4 и DS5 имаат проблем кој треба да биде решен во сервис на сметка на производителот.

Во објаснувањето се вели дека: „Генераторот за гас кај воздушното перниче кај возачот и, или кај совозачот може да биде неисправен.
Ова може да резултира со неконтролирано надувување и ослободување на метални делови кога се активира воздушното перниче, предизвикувајќи повреди на патниците во возилото.“

За моделот на C3 проблеми се појавуваат кај некои возила произведени од 13 септември 2009 до 30 јануари 2017.

Моделите на C4 со сличен проблем се произведени во периодот од 15 септември 2009 до 3 февруари 2017.

Сопствениците на DS3 чие производство е меѓу 6 октомври 2009 и 20 октомври 2016, и моделот DS5 во периодот од 29 јуни 2011 до 31 август 2016 исто така може да има исти проблеми.

Citroen recall code: GYY, HNU
Affected models: C3, C4, DS3, DS4, DS5
Vehicle numbers: 9 048

Source: Rapex Alert 6/2021 A12/00148/21

Source: Rapex Alert 39/2021 A12/01369/21

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK