Денеска 34 возачи ќе платат казна од 300 или 400 евра за брзо возење

ОБЈАВЕНО НА:

Полициските контроли со месеци засилено го контролираат сообраќајот и се немилосрдни кон оние што возат со повисока брзина. Секојдневно дилтените се полни со такви податоци, но и покрај тоа што има засилени контроли возачите не само што ги управуваат возилата со голема брзина, туку таа многу често е над 50 км. од дозволената, па и повеќе.

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 138 возила.

Од овие возачи 27 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Тоа значи дека тие што биле „фатени“ возеле со најмалку 170 км/ч.

Според Законот тие ќе треба да платат меѓу 300 и 400 евра во денарска противредност за прекршокот и плус дополнително ќе добијат и забрана за управување на моторно возило од три до 12 месеци.

Кој сака може да вози побрзо…

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK