Peugeot RCZ, кој доби голем број на награди меѓу кои беше и титулата од Top Gear за најдоброто купе во 2010 година дефинитивно нема да добие наследник така што последниот примерок останува запишано дека излегол на 18 септември во 2015 година.
Французите уште еднаш потврдија дека не планираат да има ново возило од оваа серија. Таа одлука е веќе позната така што сега пристигна само уште една потврда околу плановите на компанијата.
Кај купувачите Peugeot RCZ не беше хит, а бројките не ги оправдале очекувањата така што немаше сметка од економска гледна точка да се продолжи животниот циклус на спортската кола на француската компанија.
Најважните модели во моментов се СУВ и кросоверите кај речиси секој произведувач на автомобили, па кон ова се придржуваат и во Peugeot, па едноставно нема место за автомобилите кои не носат резултати.