Давидовски ја одбрани титулата во Diamond Tropy во TCR Europe

ОБЈАВЕНО НА:

Франко Џиролами клупскиот колега на Виктор Давидовски триумфираше на втората трка на Монца и е на чекор до својата прва возачка титула во првенството на TCR Europe.

Виктор Давидовски ја одбрaни титулата во Diamon Tropy конкуренцијата во TCR Europe првенството, откако на два трки до крај на европскиот шампионат има недостижна предност во однос на Евегениј Леонов. Во конкуренција на 25 возачи колку што беа пријавени за Монца, на Давидовски двапати беше подобар ди директниот дуел со Леонов, и после тркачкиот викенд во Монца нашиот возач има 241 бод, а Леонов има 161 бод.

И лани Давидовски ја освои оваа титула, а сезонава дури 12 возачи беа во конкуренција на Diamond Trophy. Oд 11 трки, а шест Давидовски беше најдобар, а двапати беше втор.
Тој во генерален пласман на TCR Europe е на 13 место во конкуренција на 33 возачи и има 155 бодови на 11 трки, меѓу кои и една победа, онаа во Франција.

На двете трки во Италија, Македонецот освои три бода на втората трка и на целта стигна на 14. место во конкуренција на 24 возачи. Стартуваше како 18., брзо стигна до 13 место по што влезе бебзедносното возило, за потоа со еден круг да загуби три места. Но, на крајот возеше за бодови за Diamond Trophy кој остана во негова сопственост.

Тој веќе го постигна најголемиот успех во неговата возачка кариера, и на последните две трки во Барселона во средината на октомври ќе вози за подобрување на личните рекорди.

Клупскиот колега на Давидовски, Аргентинецот Франко Џиролами е на чекор до освојување на титулата во конкуренција на возачи. Тој триумфираше на втората трка на Монца и сега има 89 бодови преднос во однос на второпласираниот Џош Фајлс. Во генерален пласман Џиролами има 354 бода, а Фајлс 265. За потврда на титулата на Џиролами му требаат само 17 бодови.

Тој е единствениот возач што сезонава успеал трипати да победи на TCR Europe трките. Тимот на Comtoyou Racing каде член е и Виктор Давидовски е лидер во конкуренција на тимови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK