Само 15 минути престој во прегреан автомобил може да предизвика оштетување на мозокот и бубрезите.
Температурите се високи, над просечните и очекуваните, но вие морате да го користите вашиот автомобил. Да го возите, и да го паркирате на сонце. А кога е на сонце, станува и потенцијална опасност за здравјето и животот на оние што се внатре, или што треба да бидат внатре.
Многумина погрешно веруваат дека можат да остават деца или домашни миленици во автомобил паркиран на сонце неколку минути без никакви последици. Сосема погрешно верување, и секао тоа не треба никогаш да го правите.
Температурата во кабината на возилото се зголемува многу побрзо отколку што некој очекува. Секое лето истата приказна се повторува, бидејќи луѓето забораваат на децата и домашните миленици во автомобилите, а последиците можат да бидат фатални.
Повторувањето е мајка на знаењето. И не е лошо повторно да повториме. Ако автомобилот е паркиран на сонце со надворешна температура од само 24 °C, температурата во возилото (со затворени прозорци) може да достигне 38 °C за само 10 минути. Ако автомобилот седи на сонце 30 минути, температурата во кабината ќе се искачи на 50 степени Целзиусови.
На деловите од внатрешноста на возилото, кои се директно на сонце, по некое време можеме да измериме дури 80 степени.
Затоа е јасно дека автомобилот на сонце не е место каде што треба да се остават деца или животни, дури и ако мислите дека тоа го правите само на кратко.
Високата надворешна температура за многу кратко време може да доведе до зголемување на телесната температура и топлотен удар кај децата.
Само 15 минути престој во прегреан автомобил може да предизвика оштетување на мозокот и бубрезите.
Затоа, паркирајте под сенка. Ако треба да возите, прво оладете во возилото. И немојте да заборавате ништо во кабината, особено не деца, возрасни или миленици.