Дали сте за или против употреба на дневни светла? Во 21 европска земја тоа не е задолжително

ОБЈАВЕНО НА:

Користење на светла дење најпрво е воведено, и најпрво се забележани безбедносните придобивки, во скандинавските земји каде е постојано мрачно во текот на зимата.

Колку дневната светлина е појака, толку е помала безбедносната придобивка, додека потребниот интензитет на дневните светла за зголемување на безбедноста се зголемува. Така безбедносната придобивка од дневните светла во релативно мрачните нордиски земји е отприлика трипати поголема отколку придобивката во релативно светлата Америка

И додека се дискутира за тоа дали е добро да се користат или не, во 21 европска земја користењето на дневни светла не е задолжително.

Во околните земји тоа не е задолжително во Албанија, Грција и Турција. Останати европски земји каде користењето на дневни светла не е задолжително се: Португалија, Шпанија, Франција, Андора, Австрија, Германија, Луксембург, Белгија, Холандија, Белорусија, Велика Британија, Ирска, Грузија, Ерменија, Азербејџан, Кипар и Малта.

Покрај во Македонија и во останатите Балкански земји со исклучок на горенаведените користењето на дневни светла е задолжително. Задолжително е и во сите скандинавски и балтички земји како и во Русија, Полска, Украина, Чешка, Словачка, Романија, Молдавија, Швајцарија, Италија и Сан Марино.

За секое прекршување на ова следи казна која во вид на парична е најголема во Норвешка и изнесува 184 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK