Иновативната германска компанија Volocopter доби финансиска инјекција од околу 30 милиони долари од компанија Daimler. Компанијата во моментов работи на проект за летачко електрично такси наречено VTOL (eVTOL).
Новите инвестиции и финансиски стимул како што велат од Volocopter компанијата, ќе го забрзаат процесот на создавање на сериско производство на такси летечки автомобили и ќе им помогне да го освојат пазарот со летечки такси возила кои се безбедни, тивки и еколошки авиони способни за пренос на двајца патници.
Првата јавна демонстрација ќе се одржи во соработка со RTA (Roads and Transport Authority) во последниот квартал од оваа година во Дубаи. Овој град е избран поради тоа што сака 25 отсто од транспортот до 2030 година врши со овие машини.
Volocopter види Daimler групата како клучен стратешки партнер, бидејќи автомобислките компаниите се сѐ повеќе заинтересирани превозни средства на иднината. За да се забрза процесот на развој и комерцијализација, тие ќе ангажираат нови инженери чија специјалност е развојот на системи и летање и софтвер.