Dacia се насочува кон хибридни модели

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Dacia прво ќе монтират хибридни погони во своите модели, а дури потоа ќе се фокусира кон целосната електрификација. Вака објаснува директорот на одделот за погон на сојузот Renault-Nissan-Mitsubishi, Филип Бруне.

Пред неколку дена тој спомена за подготовка на електрична верзија на Sandero, која остави впечаток дека овој модел се подготвува за пазар. Вистината е дека тоталната електрификација сè уште не е компатибилна со основните вредности на Dacia – практичност и достапност. Батериите се премногу скапи, а километражата со едно полнење е недоволна за масовните возила од Романија.

„Хибридните мотори се неверојатен компромис за да се постигне значително намалување на прифатливите емисии на CO2. Денес батериите се 50% од цената на една електрична, додека кај класичните возила моторот е 25% од цената“, појаснува Бруне.

Затоа целосната електрификација на возилата Dacia може да почне после 2026 година кога се очекува нова генерација на батерии.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK