Consumer Reports: Сопствениците на Lexus GX460 не пријавиле дефект три години на возилата

ОБЈАВЕНО НА:

Според последното истржување на Consumer Reports најдоверливи се возилата на Lexus и тоа моделот GX460, чии сопственици не пријавиле ниту еден дефект во последните три години. Тие се наоѓаат на врвот на рангирањето направено врз основа на направеното истражување на моделите на американскиот пазар.

Consumer Reports постојано објавува анкети околу тоа кои се најдоверливите возила. Така се гледа квалитетот на возилата, кои имаат најмалку проблеми. Тие преку анкетен лист одговараат колку биле задоволни од својот автомобил во последната година, односно наведуваат какви проблеми им направил автомобилот во тој период. Прашалникот е поделен во 17 категории, а конечниот резултат се бодува на скала од 0 до 100, каде што просекот се движи од 41 до 60 поени.

Интересно е што на листата на првите десет има дури 9 азиски возила, и само едно „домашно“, она Cadillac XT5 кое се наоѓа на петтото место со 89 бодови.
Во Топ-3 се наоѓаат Lexus GX460, потоа Kia Niro EV и Toyota Prius Prime.

Листа на најдобрите 10 модели според Consumer Reports:
Lеxus GX460 – 100 бодови;
Kiа Nirо ЕV – 95 бодови;
Tоyоtа Prius Primе – 93 бодови;
Tоyоtа Prius – 91 бодови;
Саdillас XT5 – 89 бодови;
Mаzdа MX-5 Miаtа – 88 бодови;
Hоndа Insight – 87 бодови;
Tоyоtа Highlаndеr – 86 бодови;
Subаru Сrоsstrеk – 85 бодови;
Mаzdа СX-9 – 85 бодови

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK