Citroen Ami како конкуренција на Smart ForTwo (Фото + Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред нешто повеќе од две недели францускиот производител ја претстави својата визија за легендарнио Ami, сега овој концепт модел го имаше и своето саемско деби во рамките на саемот за автомобили во Женева.

Со овој целосно електричен микро автомобил кој е со должина од само 2.5 метри, францускиот производител ќе конкурира на новиот Smart ForTwo.

Литиумско-јонската батерија во сиот свој капацитет може да се надополни за само два часа, а со истата може да се помине до 100 километри. Од техничките карактеристики потврдено е дека максималната брзина на овој модел изнесува 45 км/ч, па ако се земе во предвид и димензијата тогаш овој автомобил е идеален за тесните улици и градски гужви.

Напредната технологија е дел од секоја педа на автомобилот, па така покрај бројните можности карактеристична е и опцијата за отклучување на вратите со помош на QR код.

Од историска гледна точка називот Ami беше користен кај четиривратниот модел од B сегментот кој се произведуваше помеѓу 1961 и 1978 година. Во овој период беа произведени 1.840.396 автомобили, а покрај во Рен (Франција) производството се одвиваше и во Виго (Шпанија) и Буенос Аирес (Аргентина).

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK