Bugatti e навистина луксузне и скап бренд. И тоа не се однесува само за автомобилите. Се што го има логото на Bugatti си носи висока цена. Пред извесно време Bugatti претстави количка со ретро мотиви и името Bugatti Baby II.
Компактниот автомобил за мали деца е веројатно една од најскапите детски играчки во светот со цена од околу 30 илјади евра. Секако, се чини дека ова не е доволно за француската компанија, а покажа уште поспецијална верзија со името Carbon EDITION.
Ова е веројатно најскапата количка на светот. Направена е со помош на специјална технологија која користи јаглеродни влакна, а за таа цел Bugatti соработува со компанијата за детски играчки – The Little Car Company. Специјалната верзија не се разликува од стандардниот модел, со исклучок на карбонските елементи.
Како што веројатно може да претпоставите, количката не може да ја купи секој, дури и ако ја има потребната сума за неа. За да добиете модел на Carbon Edition, мора да сте сопственик на Mistral.