Британците со нов план за намалување на дизелските мотори во сообраќајот

ОБЈАВЕНО НА:

Во Велика Британија ќе има нов систем за субвенционирање на купувачите со цел да се намали бројот на дизелски мотори и да се подобри квалитетот на воздухот. Премиерот на В.Британија, Тереза Меј побара од министерствата да направат нов план со кој ќе може да се усогласат според европските закони за подобрување на квалитетот на воздухот и да се намали висината на нитроген оксид. Планот би требало да биде претставен до 24 април годинава.

Јавноста но и политичарите се загрижени за квалитетот на воздухот особено по избивањето на аферата со возилата на Volkswagen во септември 2015 година, и на откривањето на податокот дека вистинските податоци за испуштањето на штетни гасови е поголемо од декларираното од производителите.

Според медиумите, државата планира да даде субвенции до 2.000 фунти како дел од намерата на се влијае на возачите да се префрлат на „почисти возила“, но се уште нема официјални детали околу ова.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан е голем поборник на намалување на загадувањето, особено што и самиот има асма. При неговиот избор пред помалку од една година вети дека ќе го направи Лондон град во „најзелен“ град во светот со повеќе електрични автобуси и зголемување на бројот на станициза полнење на електричните возила.

Од 2020 година најави и зголемена зона во градот каде ќе биде забранет влез со автобуси, доставни возила и камиони. Зона на ултра емисија на гасови ќе почне да постои од 2019 година наместо 2020 како што беш епрвично планирано. Сите возила што нема д аги исполнат најмалку Еуро 4 стандардите, и Еуро 6 стандардите за дизелски мотори ќе имаат проблеми.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK