Владата на Велика Британија ќе одвои околу 484 милиони долари (390 милиони фунти) што ќе ги стави во фонд за развој на електричните и автономни возила.
Ова е веќе влезено во предлог буџетот на Владата. Исто така ќе има и дополнителни бенефиции за изградба на инфраструктура за полнење на електричните возила.
Меѓу компаниите што може ќе бидат субвенционирани би требало д абиде и Jaguar Land Rover, бидејќи локалниот производител е многу напред во развојот на автономни возила и истите веќе ги тестира на патиштата во В.Британија. Истовремено компанијата во 2018 година ќе почне со продажба на нивнио тпрв електричен автомобил Jaguar I-Pace.