Bosch ја отвори фабриката за чипови

ОБЈАВЕНО НА:

Светската индустрија, а особено автoмобилската, се соочува со огромен недостаток на чипови. Поради тоа многу производители се приморани да го намалат производството или да го стопираат на одреден временски период.

Лошите прогнози придонесоа многу земји и компании да се насочат кон поддршка односно производство на чипови. Така Владата на САД веќе ја одобри програмата според која американските компании ќе бидат поддржани со неколку милијарди долари за производство на чипови.

Сепак првиот конкретен чекор го прави германски Bosch кој и официјално ја пушти во употреба фабриката за чипови во Дрезден.

“Застојот на пазарот на полупроводници го отежна економското опоравување после коронавирусот” изјави Ангела Меркел на церемонијата на отворање на фабриката.

Bosch е главен добавувач на Volkswagen и BMW за полупроводници, па со оваа инвестиција вредна нешто над милијарда евра ќе се обезбеди нормалното функционирање на овие два германски производители што ќе биде и тоа како голема конкурентска предност.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK