BMW се откажа од изградба на фабрика во Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот гигант BMW се одлучи да ги прекине преговорите со руската влада околу изградбата на нова фабрика во оваа земја. BMW подолго време беше во преговори, но на крајот ги прекина сите активности и планови за изградба поради економски причини.

“Изградбата на фабрика во економска смисла треба да биде поволно, но при тоа мораме да се грижиме и за балансирање на руските и увозни возила” изјави Штефан Тохерт, првиот човек на BMW Русија.

Ова сепак не значи крај на активностите на BMW во Русија. И натаму компанијата Автодор ќе ги произведува моделите 3 и 5 како и неколку SUV модели во фабриката во Калининград.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK