BMW подготвува автомобили кои ќе можат да се полнат од нерамнини на патот

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет се појави нов патент на BMW за суспензија на автомобил што произведува електрична енергија од нерамнини на патиштата

Новиот патент опишува уред за специјална суспензија на автомобил што овозможува генерирање на електрична енергија за батеријата на електричен автомобил при поминување преку нерамнини на патот. Со оглед на состојбата на нашата патна мрежа, ова би било идеално решение за нашите услови.

„Типично, енергијата на суспензијата на автомобилот што се движи нагоре и надолу кога тркалото удира во нерамнина или е на кривина на патот се губи како топлинска енергија. Но, инсталацијата предложена во патентот вклучува мал генератор, замаец и спојка во суспензијата што ја зафаќа енергијата за време на овој процес“, се вели во описот на патентот.

Се претпоставува дека добиената енергија ќе се користи за полнење на батеријата на електричен автомобил или дури и за полнење на обична батерија. Најверојатно оваа технологија ќе се користи во новиот водечки модел BMW i7.

Иако некои индустриски експерти се на мислење дека системот може да остане на ниво на патент бидејќи нема да биде возможно да се имплементира во реалноста. Пред неколку години, Audi исто така предложија идеја за претворање на кинетичката енергија на нерамнините на патиштата во електрична енергија.

Прототипот „eROT“ или електромеханичките ротациони амортизери требаше да генерираат електрична енергија при компресирање на суспензијата на автомобилот за 48-волтниот „благ хибриден“ електричен систем на Audi. Технологијата никогаш не влезе во производство и сè уште не е познато дали Audi продолжува со својот развој.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK