BMW го заменува Audi во фудбалот

ОБЈАВЕНО НА:

BMW го заменува Audi – ова е најчестиот наслов кој се појави во германските медиуми, а се однесува на спонзорскиот договор со фудбалскиот клуб Баерн од Минхен.

Имено, производителот на Инглоштад во моментов, како и години наназад е спонзор на овој фудбалски клуб, но сега, BMW, производител кој исто така е од Минхен конечно успеа да постигне договор за спонзорство со Баерн Минхен.

Според договорот кој влегува на сила од сезоната 2025-26, најтрофејниот германски фудбалски клуб ќе добива по 40 милиони евра годишно што е речиси двојно од актуелниот спонзорски договор со Audi.

Сепак не само како спонзор, BMW во клубот од Минхен влегува и во сопственичката структура откако ќе го реализира купувањето на дел од акциите со право на глас и со тоа ќе ги зајакне врските со Баерн Минхен.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK