BMW: Дизелот има уште 20 години живот

ОБЈАВЕНО НА:

Секое петто возило од BMW до 2025 година ќе биде електрифицирано под една или друга форма, но тоа во никој случај не значи дека компанијата планира да се откаже до моторите со внатрешно согорување. Ова е најавено од страна на директорите на BMW,  автомобилите со дизел мотори најверојатно ќе се произведуваат уште барем 20 години, додека бензинците се планирани и за следните 30.

Од BMW сметаат дека масовното навлегување на електромобилите на пазарот е попречено поради недоволно развиената инфраструкрура во земјите како Русија, западните делови на Кина и Блискиот Исток, додека Европа преферира хибриди. Во САД, пак, автомобилите на струја се купуваат претежно во крајбрежните делови додека во централните држави се продаваат повеќе хибриди од М-сериите.

Директорите во BMW сметаат дека преодот кон електромобилите е преекспониран. Автомобилите на батерии се поскапи поради материјалите кои се користени во батериите. Барањето ќе расте, а со него и цените, а ситуацијата ќе се влошува. Сеак, BMW планира мало повлекување од дизеловиот фронт. Компанијата планира да се откаже од трицилиндричниот дизел со обем од 1,5 литри поради сè построгите еколошки норми во Европа. Од понудата ќе отпадне и чудовиштето на нафта, шестакот со четири турбокомпресори и 400 коњски сили, кој се монтира на M550d, 750d, X5 M50d и X7 M50d. Неговата улога ќе биде преземена од аналоген агрегат.

Изброени се и деновите со 6.6-литарскиот V12, кој бил економски нерентабилен. BMW троши илјадници евра за модернизирање на секој произведен мотор од тој тип, за да може да ги покрива стандардите на чистота, а се продавале по околу 5.000 автомобили годишно. Иднината на осум цилиндричните мотори е загарантирана.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK