Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор реши својот 32 години стар автомобил Renault 4 да го продаде и сите пари да ги подари на децата што се борат со ракот. Аукцијата трае до 15 февруари, а Пахор веќе објави дека досега највисоката понуда за автомобилот стигнала до речиси 35.000 евра.
Тоа е понуда од една компанија која понудија 34.568 евра. Но, сигурно е дека цената ќе биде и повисока, сооглед на тоа дека има заинтересирани, и дека парте одат во хумани сврхи.
„Катра е стара 32 години. Моја љубов беше повеќе од 20 години. Сега ќе се разделиме, но нашата разделба нема да биде тешка. Парите што ќе ги добијат ќе ги дадат на децата кои се борат со рак, порачал Пахор кога објавил дека го продава возилото.
View this post on Instagram
Автомобилот е од 1991 година, и веќе е има сертификат дека е олдтајмер и дека успешно го минал техничкиот преглед.
Словенечкиот претседател објави и видео и фтографии од неговото возило со кое потврдува дека истото е во извонредна состојба.
Prodajam katro (Renault 4 GTL, l. 1991) kupnino pa bom podaril otrokom, ki se borijo z rakom.
Ostale informacije sledijo v naslednjih dneh. ♥️ pic.twitter.com/xA6X1ABZzz— Borut Pahor (@BorutPahor) January 29, 2023
Покрај парите што ќе ги собере, Пахор сигурно ќе добие и многу поени кај гласачкото тело со хуманитарната акција што ја почна.