Без фосилни ресурси – екомотор од Шведска (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Мотоцикл, кој се произведува и експлоатира без користење на фосилни горива? Тоа на почеток звучи доста футуристички. Сепак, точно тоа е проектот, кој енергетската компанија Vattenfall и производителот на електро велосипедите Cake од Шведска го следат. Еко машината треба да биде готова за сериско производство во 2025 година.

„Соработката е одличен пример за тоа како можеме да го комбинираме нашето знаење во областа на технологиите кои не користат ископувани суровини и на тој начин да се допринесе за нашата цел за нулта емисија“, објаснува Анимка Рамсколд, раководител на корпоративната одржливост во Vattenfall .

Vattenfall и Cake активно се ангажираат со промента кон иднината без фосилни горива. Целта на Vattenfall е да обезбеди живот без користење на фосилни горива во рамките на една генерација. И Cake сака да ја олесни промената во мобилноста без емисии со своите продукти.

Проектиран за целосно електрично возење без компромиси, Kalk OR Race располага со најефективните компоненти, дизајнирани да користат електричен погон. Поставувањето создава максимално влечење за да се искористи моментот од нула.

Цената на моделот Kalk OR Race е 13.000 евра. Првите испораки би требало да се случат во текот на септември.

Техничките податоци:

– максимална брзина: +90 км/ч
– тежина: 58 кг +17 кг батерија
– моќност: 11 кВт (15 коњски сили)
– километража – Trail / Enduro – до 3 часа
– суспензија: Öhlins првокласна водушна вилушка и монтиран заден амортизер

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK