Бензинот поскапува за 1,5 – дизелот за 1 денар!

ОБЈАВЕНО НА:

Од ноќеска ќе има нови цени на горивата кои поскапуваат за 1, односно 1,5 денари, речи Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 1,50 денари, а за денар поскапува ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71 денар за литар, литар ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе чини 73 денари, а дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63 денари за литар.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91 процент.

РКЕ во образложението на одлуката наведува дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 2,671 процент, дизелот за 1,433 проценти, екстра лесното масло за 1,411 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 2,244 процемнти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,332 проценти.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK